Nikola Karevbaner  

 

 

 

 

 

 

 

 

Крај на учебната година

Во саботата на 21 јуни со присуство на околу 80 луѓе (ученици, наставници, мајки, татковци и др.) се одбележа крајот на учебната година.

Од кога наставничката со предавање на сведителствата и официјално ја заврши наставата за оваа година, децата се придужија на богатата трпеза организирана од страна на родителите.

Цел ден се “мезеше“ од вкусната скара, спремена од мајстор Кољо, се играше фудбал, подобар одколку на Европското првенство, а уморните играчи на крајот ги чекаше печеното прасе кое чичко Лазо го спреми за изморените играчи и тие околу нив.

Потоа така закрепнети, водени од тактот на музиката од познатиот музичар Кољо-Акорди се изиграаа и неколку ора.

Со надеж дека следнот пат ќе бидеме помногубројни ја завршивме прославата...

фотографии »»»»»

© 2008 Mazedonische Schule «Nikola Karev» Sursee, CH