«ПАТУВАМЕ - ДРУГАРУВАМЕ»
е насловот на проектот со кој се опфатени две групи на ученици; шест ученици од Швајцарија кои ја посетуваат дополнителната настава по македонски јазик во училиштето „Никола Карев“ во Сурзе, кантон Луцерн и шест ученици кои го изучуваат германскиот јазик од ОУ„Димо Хаџи Димов“ од Скопје. ...... »»»»»
Повеќе »»»»»
Соопштенија:
На ден 07.03.2009 во Сурссе се одржа состанок , на кој беа присутни скоро сите родители . Дневиот ред беше одреден на самото место и тоа со 2 точки :
1. Организирањеи игранка
2. Разно
После кратко договарање како да се работи понатам,у сите заедно се договоривме дека организирање на игранка за нашиот буџет кој истиот го поседуваме ние родителите е многу рискантно , затоа што посетеноста на игранката е под знак прашалник. Што значи, не сме сигурни дали своите пари ќе ги повратиме назад бидејќи, само салата во Büron чини 3500.00 франци.
Нашата акција ја крстивме „ЗАЕДНО ПОНАТАМУ“, а целта од организирање игранка беше да на крајот целата добивка ја донираме во нашата црква „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ во Тринген.
Нашата дебата ни даде до знаење дека многу подобро ќе биде да ние родителите донираме по 100 франци, така да имаме пари за сигурна донација во црквата. Покрај тоа се сетивме дека имавме деца кои лани и полани завршија со МК училиште, а нивните родители и до ден денес се добри пријатели со сите од нас во училишниот одбор па и пошироко.
За таа цел одлучивме да ги замолиме и тие т.е. ВИЕ да учествувате во нашата акција „ЗАЕДНО ПОНАТАМУ“.
Однапред ви се заблагодаруваме за довербата и пријателството што го имате спрема нас.
Турнир 2009
Секоја година се одржува Турнир во мал фудбал, тоа сите го знаеме и се надевавам со нетрпение го очекуваме. Оваа година Турнирот ќе се одржи во Монте Карасо, кт. Тичино на 07.06.2009 со почеток во 09.00 часот. Затоа ве замолуваме, сите што сакате да дојдете со нас т.е. со автобусот кој ние мора однапред да го резервираме најкасно до 10.05.2009год. да се пријавите на секретарот од училишниот одбор.
Благодариме и дослушање.
Пикник 2009
Како што знаете секоја година последниот час од учебната година, учителката го одржува во природа со своите ученици, така за таа пригода ние родителите правиме пикник за нас и нашите најмили.
Па, мило ќе ни биде ако и вие земете учество, исто како и до сега,
да и овој пат заедно другаруваме и се веселиме.
Пикникот ќе се одржи на 27.06.2009, во местото Бирон, кт. Луцерн.
п.с. Јадење и пиење си носи секој сам . Ќумур и печено прасе се од Родителскиот одбор.
Се надеваме дека ќе учествувате со нас како и до сега.
Сурзе, 24.01.2009
Оваа година ни тргна со гости на нашите часови по македонски јазик;
во нашето училиште во саботата имавме специјален гостин, а тоа беше, замислете си, БОБИ АНДОНОВ. Иако е роден и живее во Мелбурн, Австралија, одлично зборува македонски, а уште поубаво пее. Ги слушавме и пеевме неговите песни „Прати ми SMS“ и „Насмеј се“, а тој ни запеа и некоја песна од Тоше. Ја запеавме и народната песна Јовано, Јованке. А тој, како вистинска ѕвезда, ни подели по една негова фотографија со автограм, си ги разменивме телефонските броеви и се сликавме. Беше радосен на снегот, бидејќи во Мелбурн не врне снег. Ни кажа дека има 14 години, дека свири на клавир и гитара и дека често доаѓа во Македонија. Бидејќи патува преку Швајцарија, ние го поканивме повторно да не посети.
Прв час во Новата 2009-та година
На 10.01.2009 год. т.е. на првиот час во Новата година имавме гостин од Македонија.
Отецот Сламков Васил им одржа час по религија на учениците.
Дедо Мраз во посета на нашето училиште

Во нашето училиште на последниот час од оваа година дојде Дедо Мраз. А знаете ли зошто токму во нашето училиште?
Бидејќи, ние, учениците од македонското училиште „Никола Карев“ од Сурзе бевме добри ученици во текот на целата учебна година, бидејќи ги слушавме нашите родители и нашата наставничка, учевме да пишуваме, да читаме, учевме многу интересни нешта за нашата Македонија и тој за возврат ни донесе новогодишни пакетчиња. Но ние и нему му покажавме што знаеме; со нашата наставничка Маја подготвивме квиз и Дедо Мраз, а и нашите родители можеа да видат колку се нашите знаења. Некаде и погрешивме, но не е важно, па нешто треба да остане и за идната година да научиме. И не само квизот, ние подготвивме и песнички и така им покажавме на сите присутни дека знаеме и да рецитираме.
Е после тоа Дедо Мраз ни подели пакетчиња, се сликавме, а нашите родители се погрижија за закуската. Ммм, имаше и убави колачиња што ги направиле нашите мајки. Со еден збор, весело ја испративме Старата година, а на вас драги читатели ви посакуваме
СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!!! |