|
Патуваме – другаруваме
е насловот на проектот со кој се опфатени две групи на ученици; шест ученици од Швајцарија кои ја посетуваат дополнителната настава по македонски јазик во училиштето „Никола Карев“ во Сурзе, кантон Луцерн и шест ученици кои го изучуваат германскиот јазик од ОУ„Димо Хаџи Димов“ од Скопје.
Проектот се реализира во две фази, кои траат по една недела, првата беше од 11-18 април 2009 кога учениците од Швајцарија беа во Скопје, а втората во септември 2009, кога учениците од Македонија ќе дојдат во Швајцарија.
Примарната активност на проектот е посета на наставата во основните училишта, што значи дека учениците можеа да се запознаат со секојдневието на училиштето, со сите материи кои се изучуваат, со животот на своите врсници, но пред се, имаа можност да слушаат настава на македонски. По завршувањето на часовите, секој ученик одеше кај своето другарче-домаќин, на ручек и мал одмор.
Во попладневните часови, придружувани од наставничката Маја Ристеска, ги разгледуваа културно - историските споменици во Скопје и околината.
Втората фаза ќе се реализира во септември 2009, кога Скопјанчињата ќе дојдат на гости во Швајцарија, но сигурно, за време на летниот распуст ќе се сретнат некаде во Македонија.
И како што кажува и насловот на проектот, многу патување, но и многу другарување, помина една незаборавна седмица која ќе остане долго во сеќавање.
фотографии »»»»»
|